27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот да се подготви: На повидок историски договор

Светот да се подготви: На повидок историски договор

Европската унија и Јапонија се обврзаа дека ќе склопат договор за слободна трговија колку што е можно поскоро.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека договорот треба да користи како светилник против изолационизмот.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе се заложи на состанокот со Јункер за договор „во најбрзо време“, а Јункер изјави дека тој договор би требало да биде постигнат во наредните девет месеци.

„Оваа година ветува дека ќе биде историска за односот на Јапонија и ЕУ“, изјави Јункер.

Тој изјави дека договорот е неопходен „со цел да се продолжи со насоченоста кон светот наместо кон повратот на изолационизмот“.

Договорот, на кој се работи пет години, ја интензивираше трговијата меѓу ЕУ и Јапонија кои заедно сочинуваат повеќе од третина од светското производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП