27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМега луксузниот ранч San Carlos (фото)

Мега луксузниот ранч San Carlos (фото)

Ранчот „San Carlos“, мега имотот во Монтесити, е ставен на продажба за цена од 125 милиони долари…

Овој имот се простира на 273 хектари и е еден од најголемите резиденцијални имоти во луксузната заедница која се наоѓа на брегот на океанот. Инаку, поради цената која се бара за него, ова е најскапиот имот во Монтесити досега. Ранчот „San Carlos“ има прекрасен поглед кон околните планини и океанот, како и другите 11 домови на имотот, малата деловна зграда, пабот во англиски стил, шталите со коњи, како и 100-те хектари овоштарници со цитруси и авокадо.

Во официјалниот опис стои дека овој ранч наликува на мал град. Главната вила од 3.500 квадратни метри има 12 спални соби и 10 бањи.

Инаку, овој ранч бил во сопственост на едно исто семјство од 1927 година. Семејството го одржувало целиот имот во многу луксузна состојба.

Погледнете ги фотографиите…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП