26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗа 15 милиони евра компанијата Јафа ја купи Банини

За 15 милиони евра компанијата Јафа ја купи Банини

Компанијата Јафа од Црвенка во вторник на аукција го купи претпријатието Банини од Кикинда што беше во стечај, по почетна цена од 15 милиони евра.

Јафа беше единствениот учесник на аукцијата, а од купопродажбата се откажаа индустријата за месо Матијевиќ од Нови Сад и индустријата на кекси Бамби од Пожаревац.

Генералниот директор на Јафа, Бојан Кнежевиќ, како што пренесува Блиц, на новинарите по аукцијата им рекол дека купувањето на Банини не било лесно затоа што почетната цена била висока.

„Да беше пониска цената, ќе имаше повеќе купувачи. Банини е во големи проблеми, а во стечај е затоа што има повеќе од 40 милиони евра долг кон банките и повеќе од 10 милиони евра долг кон добавувачите“, вели Кнежевиќ.

Тој најави дека планира да го врати целото производство на Банини со истиот асортиман, а 500 вработени ќе бидат вратени на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП