27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА13-ти Саем за вработување и кариера во организација на БЕСТ

13-ти Саем за вработување и кариера во организација на БЕСТ

Бордот на Европски Студенти по Технологија (БЕСТ) – го најавува тринаесеттиот по ред Саем за вработување и кариера – Job Fair 2017, кој ќе се одвива во периодот 3-ти до 12-ти април годинава. Официјалното отворање ќе се оддржи во амфитеатарот на Технолошко-металуршки факултет, а останатите денови од саемот кои ќе се одвиваат на кампусот на техничките факултети во периодот од 3-ти до 7-ми април и на АФ/ГФ во периодот 10-ти до 11-ти април.

Job Fair е најголемиот и најсериозниот настан кој БЕСТ Скопје го организира, а воедно е и местото каде студентите можат да се информираат за сѐ она кое го нудат компаниите учеснички, како и за потенцијално идно работно место или пракса. Компаниите, пак, ќе имаат можност да стапат во контакт со нивните потенцијални вработени. Целта е да се доближат амбициите на студентите поблиску до компаниите, и да се биде дел од нивниот чекор поблиску до кариерата. Минатата година Job Fair се покажа како најуспешен досега, со вкупно 36 присутни компании, додаваат од БЕСТ.

„Овој саем е одлична можност за студентите да добијат пракса или работа во некоја од најдобрите компании во земјата. Она што е потребно е да го остават своето CV na www.jobfair.org.mk и со тоа нивните биографии стануваат дел од датабазата до која имаат пристап сите компании – учеснички од Република Македонија и надвор од неа, во текот на целата година“, додаваат од организацијата.

Компаниите на овој саем ќе имаат можност да држат бесплатни предавања, soft skills тренинзи, презентации, натпревари на кои ќе можат да учествуваат студентите таргетирани токму од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП