26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ го продава НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

НЛБ го продава НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје

Нова Љубљанска Банка д.д. Љубљана („НЛБ”)  започна процедура за барање на инвеститори за откуп на 100% од акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје („НЛБ НПФ“), друштво за управување со пензиски фондови со седиште во Македонија, што управува со два пензиски фонда во Република Македонија (пензиски фонд од задолжителниот втор столб и пензиски фонд од доброволниот трет столб), управувајќи со  средства од околу 370 милиони евра.

НЛБ поседува 51% од акционерскиот капитал на НЛБ НПФ, а останатите 49% се во сопственост на НЛБ Банка АД Скопје, Република Македонија, фирма ќерка на НЛБ, која што го продава својот удел во акционеркиот капитал на НЛБ НПФ заедно со НЛБ.

Одделот за корпоративни финансии на НЛБ го координира и го организира процесот на продажба во име на НЛБ и НЛБ Банка АД Скопје.

НЛБ (преку Одделот за корпоративни финансии на НЛБ или на друг начин) и НЛБ Банка АД Скопје го задржуваат правото, секој од нив по своја процена, од кој било заинтересиран инвеститор да побараат понатамошни информации за инвеститорот и/или предвиденото финансирање на предложената инвестиција пред вклучување на инвеститорот во процесот на продажба.

Информации за НЛБ НПФ и НЛБ може да се најдат на интернет страницата на НПФ: http://www.nlbnpf.mk и на интернет страницата на НЛБ Групацијата: http://www.nlbgroup.si.

Заинтересираните инвеститори за дополнителни информации за учество во процесот на продажба можат да се обратат до Карел Кач (тел. +386 1 476 5228; е-маил [email protected]) или Бране Грегорец (тел. +386 1 476 5104; е-маил: [email protected]) во Одделот за корпоративни финансии на НЛБ.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП