27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕ3 зачини со благотворно дејство кои треба почесто да ги консумирате

3 зачини со благотворно дејство кои треба почесто да ги консумирате

Ако во секојдневната исхрана ги вметнете овие зачини, на својот организам ќе му овозможите благотворни состојки а на јадењата ќе им ставите посебен печат.

Ви претставуваме три зачини кои имаат благотворно влијание на вашето здравје и би требалo почесто да се најдат во вашите јадења.

Куркума

Овој жолт прав е силен антиоксидант и има антивоспалително, антигабично и антимикробно дејство. Организмот најлесно ќе го апсорбира ако се јаде во комбинација со масти, а можете да го додадете и во напитоците.

Чили пиперка

Каенската чили пиперка има бројни лековити дејства: делува антивоспалително, го забрзува метаболизмот и делува превентивно на појавата на рак. Оваа лута пиперка ставете ја во јадењата и ќе додадете малку здрава лутина на својот оброк.

Оригано

Ориганото суво или свежо има исклучително лековити својства. Богато е со антиоксиданти, тој е одличен антибиотик, го намалува холестеролот и триглицеридите. Овој зачин одлично оди со медитеранските јадења, пицата, салатите или тестенините…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП