1 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕAmangalla звучи моќно (фото)

Amangalla звучи моќно (фото)

Дали некогаш сте го посетиле Galle во Шри Ланка? Доколку не сте, тогаш топло го препорачуваме ова шармантно место за една од вашите наредни дестинации.

Овде многу култури оствариле трага – Холанѓани, Персијани, Кинези, Португалци и Англичани, така што миксот на култури е огромен и секој патник ќе понајде нешто за себе. Патувањето низ времето ќе ви го обезбеди хотелот „Amangalla“ благодарение на беспрекорниот стил и опкружување.

Антиквитетите, старите слики, белите постелнини и богатите махагони, подови од тиковина и многубројните ситни детали ќе го направат вашиот престој овде незаборавен. А градините особено. Тие се приказна сами за себе. Овде ќе го пронајдете спокојот за кој чезнеете доколку доаѓате од големото бучно секојдневие.

За добар одмор не ви треба ништо повеќе. Уживајте во глетката!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП