26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMcLaren го замени 650S со 720S (фото+видео)

McLaren го замени 650S со 720S (фото+видео)

На автосаемот во Женева компанијата „McLaren Automotive“ го претстави новиот суперавтомобил „720S“, кој го заменува досегашниот модел „650S“. Ова е целосно нов развој на Британците, почнувајќи од дизајнот, чии елементи не се користат кај ниту еден автомобил на марката, и се заврши со карбонски монокок и целосно алуминиумската каросерија.

Суперавтомобилот со заден погон е изграден на јаглеродна шасија, а е опремен со 4,0-литарски битурбо V8 мотор со моќност од 720 КС и 770 Нм вртежен момент, кој го достигнува при 5500 врт/мин. Во основата на моторот е претходниот 3,8-литарски агрегат, поставен на моделот „650S“, но 41% од деталите за него се нови. Моторот работи во комбинација со 7-степен автоматски менувач.

Моделот забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, до 200 км/ч за 7,8 секунди и до 300 км/ч за 21,4 секунди. Драг-растојанието од ¼ милја (402 метри) го поминува за 10,3 секунди, а максималната брзина е 341 км/ч. Запирање од 200 км/ч трае 4,6 секунди, а од 100 км/ч е 2,8 секунди.

Автомобилот тежи 1283 кг, што е за 18 кг помалку од неговиот претходник. Тој е опремен со адаптивна суспензија со која може да се менуваат поставките спрема условите на патот на секои 5 милисекунди. Има и посебен режим на владејачката електроника, која му помага на возачот да го одржува потребниот агол на вртење без опасност од лизгање.

Главната карактеристика на ентериерот е инструмент-панелот, кој се состои од два екрани. На големиот излегуваат показателите на системите на возилото додека на помалиот се активира при движење во режимот на патека и ги покажува само најважните податоци.

Од моделот ќе бидат произведени вкупно 400 примероци, а тие се веќе продадени, и покрај сериозната нивна цена – 208.600 британски фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП