8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИViber додава тајни разговори

Viber додава тајни разговори

vibmess232

„Viber“ e еден од најпопуларните сервиси за размена на пораки. Компанијата сега најавува нова функција за својот сервис кој им овозможува на корисниците да постават временско ограничување колку долго фотографијата или видео записот ќе бидат во рамките на конверзацијата.

На овој начин функцијата на „Viber“ ќе биде многу слична на онаа на „Snapchat“, затоа што корисникот испраќа фотографии или видео содржина и го одредува временскиот рок, по што автоматски исчезнуваат.

Доколку примателот направи „screenshot“, испраќачот ќе добие известување за тоа. „Viber“ ќе воведе и функции на тајни разговори кои ќе додадат уште еден слој на приватност, затоа што ќе бидат спречени „screenshot“, а покрај тоа пораките автоматски ќе бидат бришени. На тој начин „Viber“ озвомозжува целата конверзација да биде избришана по избраниот временски период. Тоа може да биде разговор еден на еден или групен, а учесниците ќе одлучат дали сакаат разговорот да биде заклучен со „PIN“ или да биде избришен по извесен временски период.

Новата функција ќе биде објавена на „Android“ и „iOS“ платформите кон крајот на неделава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП