26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПромовиран третиот Руско-македонски бизнис-каталог

Промовиран третиот Руско-македонски бизнис-каталог

rusija-makedonija

„По еден пат со светот, Русија и Македонија“ е насловот на третиот Руско-македонски бизнис-каталог што денеска го промовираше Агенцијата за маркетинг и издвачка дејност „Елита“ од Скопје.

Олег Николаевич Шчербак, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, кој го поддржа издавањето на каталогот, истакна дека вкупниот обем на руските директни инвестиции во реалниот сектор на македонската економија засега надмина 400 милиони долари, со тенденција за натамошен раст, за што вели има поддршка од руските власти.

– Задоволни сме од тоа што македонските компании, вклучувајќи ги и оние од земјоделството енергично бараат опции за да го зголемат извозот на своите продукти во Русија, ја прошируваат соработката со нови руски региони и поактивно учествуваат во специјализирани изложби кои се одржуваат таму. Овие напори веќе даваат позитивни резултати и очекуваме дека деловните посети на Русија планирани следните месеци на претставниците на македонскиот бизнис, како и на премиерот Никола Груевски, на сибирскиот и источните региони на Русија ќе им дадат дополнителен импулс за соработка и реализација на нови проекти, рече амбасадорот Шчербак.

Тој со задоволство се осврна и на порастот за, како што вели, повеќе од 10 пати на туристичките посети на руски граѓани на Македонија во изминатите неколку години. За поцелосно искористување на потенцијалите за бизнис соработка меѓу двете земји, оцени Шчербак, несомнено ќе придонесе и овој каталог бидејќи нуди информации на руските деловни кругови за особеностите со бизнис климата за инвестирање во Македонија, со извозните можности и спектар на продукцијата на македонските компании.

Според Соња Михајловска од Агенцијата за маркетинг и издвачка дејност „Елита“, каталогот чија цел е продолабочување на бизнис и туристичките релации во двете насоки, овој пат нуди и дел од традиционалните вредности на македонската ризница.

– Сметавме дека таквото непроценливо богатство ќе биде од интерес на бројни читатели, бизнисмени, посетители и туристи, рече Михајловска.

Директорот на Македонско-руската стопанска комора, посочи дека во досегашните нивни настапи на саеми во Руската Федерација, многумина биле изненадени и задоволни од таквото издание, бидејќи ретко имале можност да се запознаат со квалитетите со кои располага Македонија.  Во септември годинава, од оваа комора со годинешниот каталог ќе се претстават на саемот „Перпитаение“, еден од најголемите саеми во таа земја на кој учествуваат голем број руски компании.

Каталогот е илустриран водич, којшто нуди информации за руските компании кои се присутни на македонскиот пазар, односно имаат свои инвестиции во Македонија, како и повеќе успешни македонски компании кои сакаат да се претстават на рускиот пазар. Во годинешното издание е даден и кус осврт на повеќе македонски општини со акцент на културно-историското богатство и традицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП