26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXperia XZ Premium: Најмоќниот смартфон на Sony за оваа година (фото+видео)

Xperia XZ Premium: Најмоќниот смартфон на Sony за оваа година (фото+видео)

xz 00

„Sony“ исто така е еден од излагачите на саемот „MWC 2017“. Покрај останатите модели, „Sony“ го донесе и оној најмоќниот – „Xperia XZ Premium“ кој претставува самиот врв во понудата за 2017-та.

„Xperia XZ Premium“ е опремен со 5,5-инчен екран со 4K резолуција кој е 40% посветол во однос на екранот на моделот „Xperia Z5 Premium“, кој доаѓа со поддршка за „HDR“. Целиот уред од можните оштетувања е заштитен со „Gorilla Glass 5“ стакло (Glass Loop Surface).

xz 01

Кога сме кај заштитата треба да споменеме дека овој модел е отпорен на вода и прашина (IP68). Новата „Xperia“ се темели на „Snapdragon 835“, има 4 GB RAM и 64 GB интерна меморија. Поддржува и мемориска картичка со „microЅD“ формат со капацитет до 256 GB.

На задната страна на „Sony“ е вградена „Motion Eye“ камера со резолуција од 19 MP која може да снима видео содржини во „4K“ резолуција, но и „slow motion“ видео при 960 fps (само при 720p квалитет).

xz 02

Со овој смартфон ќе бидат задоволни и љубителите на „селфи“ фотографии поради тоа што на предната страна се наоѓа камера со резолуција од 13 MP. Уредот со потребната енергија за работа се напојува од батерија со капацитет од 3.230 mAh која поддржува и технологија за брзо полнење – „QuickCharge 3.0“. Кога станува збор за сурфањето, „Xperia XZ Premium“ ги поддржува гигабајтните „LTE“ мрежи.

xz 03

Димензиите на уредот се 156 x 77 x 7,9 милиметри, а тежината е 195 грама. Од софтверска страна се наоѓа „Android Android 7.1“ (Nougat).

xz 04

Цената се уште не е објавена, но така како и секогаш ќе зависи од пазарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП