27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски со претставници на УСАИД за проектите реализирани во Македонија

Пешевски со претставници на УСАИД за проектите реализирани во Македонија

ZPVRM-i-USAID-2-680x365_c

За проектите од областа енергетика, кои се спроведуваат со поддршка на УСАИД заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски разговарал во понеделник со Стивен Барнс, одговорен за енергетски и инфраструктурни проекти на УСАИД (Агенција за меѓународен развој на Соединетите Американски држави) во Европа и Азија и со Џејмс Стеин, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија.

На средбата покрај за проектите од областа енергетика, кои се спроведуваат со поддршка на УСАИД, се разговараше и за исполнувањето на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од Договорот со Енергетската заедница, како и за обрските кои произлегуваат од „Берлинскиот процес“.

Пешевски истакна дека реализацијата на тековните енергетските проекти е во насока на исполнување на обврските на Република Македонија кон Енергетската заедница и постигнување на резултати кои се предвидени со документите кои членките на Западен Балкан, како дел од „Берлинскиот процес“ ги имаат усвоено во полето на енергетиката, насловени како „Повелба за одржливост“(Sustainability Charter) и „Патоказ за електрична енергија“ (Roadmap on Regional Market on Electricity).

Поддршката од УСАИД во имплементацијата на енергетски проекти е од големо значење, а очекуваме дека соработката ќе продолжи и во иднина, дополни Пешевски.

Овие теми беа и на Агендата на состанокот на министрите за енергетика од Западен Балкан, кој се одржа на почетокот на февруари оваа година, кога беше констатирано дека во поглед на енергетски реформи, веќе се исполнети голем број на обврски, како и дека ќе се продoлжи со реформите со што ќе се придонесе до поефикасен и поефективен регионален енергетски пазар, подобро енергетско поврзување и побрз раст и развој на секоја од земјите од Западен Балкан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП