26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРутинска победа на Рома на „Меаца“ (видео)

Рутинска победа на Рома на „Меаца“ (видео)

77795286058b34dec06ae8237452264_w640

Рома убедливо славеше на „Џузепе Меаца“ над Интер со 3:1 во претпоследниот натпревар од 26.коло во Серија А. Со овој триумф Рома остана седум бодови зад лидерот Јувентус, а на пет бодови се оддалечи од третопласираниот Наполи.

Рома во Милано одигра исклучително добра натпревар, а блескаше Раџа Наинголан, кој постигна два брилијантни гола во 12. и 56.минута од натпреварот.

Домаќинот намали во 81.минута со 16-от сезонски гол на Мауро Икарди, но четири минути подцна Диего Пероти од пенал го постави конечниот резултат.

Серија А, 26.коло:
Палермо-Сампдорија 1:1
Киево-Пескара 2:0
Кротоне-Каљари 1:2
Џенова-Болоња 1:1
Лацио-Удинезе 1:0
Сасуоло-Милан 0:1
Интер-Рома 1:3
Наполи-Аталанта 0:2
Јувентус-Емполи 2:0.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП