8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПад на германскиот гигант, дупка и во касата

Пад на германскиот гигант, дупка и во касата

german_central_bank

Профитот на германската централна банка, Бундесбанк, драстично опадна минатата година.

Оваа банка беше принудена да издвои дополнителни средства за покривање на големата програма за откуп на обврзници која ја покрена Европската централна банка (ЕЦБ).

Годишниот профит на Бундесбанк изнесувал една милијарда евра во 2016 година, во однос на 3,2 милијарди евра од 2015 година, се наведува во соопштението на Бундесбанк, пренеусва агенцијата Франс прес.

Од тоа 399 милиони евра ќе и бидат предадени на владата, што е најнискиот таков трансфер од 2004 година.

Тоа, исто така, е лоша вест на германското Министерство за финансии кое предвиде дека во државната каса ќе се слеат 2,5 милијарди евра од Бундесбанк.

„Профитот е понизок од профитот во 2015 година, бидејќи Бундесбанк ги зголеми резервирањата на средства за 1,8 милијарди на 15,4 милијарди евра“, изјави гувернерот на банката Јенс Вајдман.

Како една од централните банки во еврозоната, Бундесбанк е вклучена во процесот на откуп на големи количини на државни и корпоративни обврзници, во склоп на шемата позната како квантитативно олабавување, кое има за цел „вбризгување“ на ликвидноста во финансискиот систем поради поттикнување на економскиот раст и инфлацијата во еврозоната.

Како што распонот на подобни обврзници се намалува, така централните банки се повеќе мораат да купуваат обврзници со негативни камати, што значи дека можат да претрпат загуба по основ на тие обврзници кога ќе дојде рокот на доспевање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП