27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на ЗК Пелагонија АД Битола лидер по промет на МСЕ

Акцијата на ЗК Пелагонија АД Битола лидер по промет на МСЕ

berza-25533

Во четвртокот на Македонската берза за хартии од вредност на врвот според прометот се најде со акцијата на Зeмјоделскиот комбинат Пелагонија АД Битола.

Со оваа акција, преку една блок трансакција се истргуваа вкупно 900 лота по цена од 2.522,00 денари. Со тоа акцијата оствари промет од 2,38 милиони денари и практично го „набилда” прометот на МСЕ, кој на крајот од вчерашнито трговски ден изнесуваше 8,1 милион денари.

Уште две акции се најдоа на листата на „милионерите”, и тоа со промет од 1,89 милиони денари акцијата на Комерцијална банка Скопје, и со промет од 1,8 милиони денари акцијата на Алкалоид Скопје.

Трите трансакции со обврзниците за денационализација РМДЕН15 и скромниот промет од 70,6 илјади денари придонесоа индексот ОМБ да се придвижи во црвена територија со пад на вредноста од 0,17 отсто.

Настроти издексот МБИ10 забележа раст на вредноста од 0,2 отсто и го заврши денот на 2.279,83 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП