26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИInstagram веќе им овозможува на корисниците да споделуваат албуми

Instagram веќе им овозможува на корисниците да споделуваат албуми

albumi335

Откако со години им дозволуваше на корисниците да објавуваат само една слика или видео, „Instagram“ веќе ќе им овозможува создавање албуми, пишува „Business Insider“.

Веќе можете да ја објавите до десет фотографии или видеа одеднаш во „Instagram“, апликацијата за споделување на фотографии, сопственост од „Facebook“. Досега тоа можеа да го прават само рекламите.

Еве што треба да направите:

1. Корисниците на „Instagram“ можат да изберат до десет слики или видеа од својот телефон, кои ќе бидат објавени заедно.

2. Секоја слика или видео може да се уредува преку вградените инструменти во „Instagram“ и редоследот пред или по споделувањето на публикацијата.

3. Индивидуалните профили можат да бидат тагнувани во секоја слика или видео, но натписот и одбележувањето на локацијата важат за целиот албум.

4. Мала икона за албумите во горниот десен агол на публикацијата ќе покаже дали има многу слики или видеа за гледање.

5. Новата опција постепено ќе стане достапна за сите корисници на „Instagram“ во следните недели.

Во последните неколку месеци „Instagram“ објави нови функции, вклучувајќи клон на формата „Stories“ на „Snapchat“ минатото лето. Неодамна апликацијата достигна 600 милиони корисници месечно и успеа да го забави растот на „Snapchat“, која се подготвува за долгоочекуваниот ИПО во следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП