26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФинците ќе му помогнат на Mercedes

Финците ќе му помогнат на Mercedes

fin mece3

Една од неколкуте фабрики во светот кои не се во сопственост на „Mercedes“, германски „Daimler“, a во кои се изработуваат автомобили од овој бренд се наоѓа на северот од Европа, во Финска.

Финската компанија „Valmet“ започна во својата фабрика Усикаупунки со производство на „Mercedes GLC“. Oвој модел не е првиот „Mercedes“ кој што се изработува во Финска, со оглед дека од 2013-та таму се произведува и „A Сlasѕ“. Сега на овој компактен автомобил ќе му се придружи новиот „SUV“, кој во гамата на „Mercedes“ го наследи некогашниот „GLK“.

Германски „Daimler“ oдлучи составувањето на моделот „GLC“ да го довери на Финците со цел да го зголемат капацитетот и да ја задоволат побарувачката за ова „SUV“ возило, кое примарно се произведува во фабриката во Бремен.

Инаку, „Valmet“ не е единствената компанија која изработува возила во договор со „Daimler“. Taка се, на пример, „Mercedes G Сlasѕ“ се произведува во Австрија во погоните на „Magna Steyr, каде претходно се призведуваа и моделите „E“ и „M Сlasѕ“. „Mercedes R Сlasѕ“ се изработуваше во фабриката на компанијата „AM General“ во САД, додека „Mercedes CLK“ беше производ на компанијата „Karmann“ во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП