8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИV30 ќе има по две камери на двете страни

V30 ќе има по две камери на двете страни

dve kameri33

Досегашните гласини поврзани со мобилниот уред „LG V30“ главно се однесуваат на информации дали „LG“ ќе гo отфрли или нема секундарниот екран.

Според информациите од крајот на ноември 2016-та – нема, реалната состојба ќе се дознае дури по официјалното претставување на смартфонот од страна на производителот.

Кога сме кај претставувањето, одредени кинески извори сметаат дека новиот „V30“ ќе пристигне во вториот квартал од 2017-та година. Благодарејќи на тоа, „V30“ би можело да биде и првиот смартфон на „LG“ со „Snapdragon 835“.

Покрај тоа, истите извори наведуваат како „V30“ ќе добие двојна камера од двете страни на уредот, а исто како и кај минатогодишниот „V20“ ќе има 2 GB RAM повеќе – вкупно 6 GB. Исто така според изворот „V30“ би требало да добие и подобар „DAC“ во однос на „V20“ со досега се уште „мистериозни“ функции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП