26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Монако цената за м2 чини 41.420 eвра

Во Монако цената за м2 чини 41.420 eвра

monako03993

Просечните цени на становите во Монако забележаа рекордно ниво од 41.420 eвра за квадратен метар. Тоа е раст од 15% на годишно ниво до крајот на 2016-тa година, пишува „Bloomberg“. Така во последните десет години просечната цена регистрира зголемување од 180%.

Становите во луксузната офшор зона се повеќе од два пати поскапи од оние во Манхатан и речиси двојно повеќе од оние во Лондон. Според статистичките податоци, минатата година се купени 33 нови домови, а речиси половина се во вредност од 10 милиони евра или повеќе.

Становите во центарот на Монако регистрираат уште посериозни вредности. Слично живеалиште се проценува на цели 51.000 евра за квадратен метар, покажува референца на сајтот „numbeo.com“.

Од гледна точка на просечните цени на кириите, разликата во цените исто така, изгледа драстично. 3.883 евра месечно излегува киријата на еднособен апартман во централниот дел на Монако.

Доколку целите се повисоки и станарите сакаат да живеат во трособно живеалиште, тогаш треба да подготват 18.000 евра за месечен наем.

Брзиот преглед на просечните цени на стоки и услуги во Монако е доволен да ве убеди дека ова место не е за секого.

Така на пример, мени за двајца во ресторан средната класа чини во просек 110 евра. Чаша капучино оди во просек по 3,50 евра, а мала минерална вода се продава во просек за 2.63 евра.

Цените во трговските синџири не се различни. На пример 1 кг сирење може да се најде со просечна цена од 16 евра. 12 парчиња јајца би чинеле 3 евра, а 1 кг пилешко месо е 14 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП