26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПодемот на електричните автомобили ја зголемува потребата за кобалт

Подемот на електричните автомобили ја зголемува потребата за кобалт

cobalt-blue-rflctve-med-680x365_c

Побарувачката за кобалт расте заради подемот на електричните автомобили во чии литиум-јонски батерии се користи овој метал и оваа година повторно би требало да ја надмине понудата по повеќегодишниот период на вишоци на пазарот.

Минатата година вкупната светска побарувачка на кобалт изнесувала околу 100 илјади тони, од кои околу половината се употребени за производство на батерии за електричните автомобили, како и за мобилните телефони, преносните компјутери, дигиталните фотоапарати и безжичните дупчалки.

„Кога е во прашање вкупната побарувачка, електричните возила во 2016 година потрошиле само околу 6,5 отсто рафиниран кобалт. Во 2021 година нивниот удел ќе порасне на 16,9 отсто, што ќе ја крене побарувачката на речиси 130 илјади тони“, проценува консултантот на CRU Group, Едвард Спенсер.

Во оваа консултантска куќа проценуваат дека до 2021 година во светот ќе бидат продадени вкупно 4,4 милиони електрични и хибридни автомобили, а повеќе од шест милиони во 2025 година. Минатата година се продадени 1,1 милион.

Посебно внимание привлекува поголемата побарувачка за електрични возила во Кина, најголем автомобилски пазар на светот, а во такви услови цените на кобалтот од септември пораснале речиси 50 отсто, достигнувајќи го највисокото ниво во пет години од околу 19 долари за половина килограм од овој метал.

Речиси 60 отсто од светските резерви на кобалт се наоѓаат во Демократска Република Конго.

Во изминатите седум години пазарите бележеа вишок од овој метал, а и капацитетите беа прекумерни. Оваа година побарувачката би требало да ја надмине понудата.

Многу трговци почнаа да создаваат резерви, купувајќи поголем дел од металот во декември 2015 година, кога заради вишок на пазарот од повеќе од 2000 тони, се тргуваше по околу 10 долари за половина килограм. Сега чекаат цените да пораснат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП