26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНето добивката на Credit Agricole оствари пад од 67%

Нето добивката на Credit Agricole оствари пад од 67%

credi agricole353

Француската банка „Credit Agricole“ забележа пад на нето профитот за четвртиот квартал, како последица од отпишувањето на локалната единица за банкарство на мало.

Кредиторот со седиште во Париз и втората по големина банка во Франција за средства објави дека нето добивката е намалена за 67% до 291 милиони евра во трите месеци до крајот на декември од 882 милиони евра од пред една година порано. Тоа е под очекувањата на аналитичарите за 301 милиони евра, покажуваат податоците на „FactSet“.

Приходите пораснаа за 7% до 4,58 милијарди евра.

Упорно ниските каматни стапки и договорените кредити „јадат“ од маргините на француската банка во оваа година.

„Credit Agricole“ одбележува отпишување од 491 милиони евра од банкарство на мало „LCL“.

„Има нов бран договорени кредити во второто полугодие од оваа година“, рече извршниот директор Филип Брасак на прес-конференција во Париз. Брасак изјави дека, сепак, гледа „знаци на подобрување“ во четвртиот квартал.

„LCL“ забележува раст од 15% на нето добивката до 136 милиони евра во кварталот до крајот на декември, потпомогнат од зголемената побарувачка на нови кредити.

Нето добивката на корпоративното и инвестициското банкарство се зголемува до 271 милиони евра од 76 милиони евра една година порано, поттикната од нестабилните пазари.

Единицата за осигурување и управување со средства забележа зголемување на нето добивката од 14% до 448 милиони евра, а нето добивката на бизнисот за специјализирани финансиски услуги се зголемила за 15% до 170 милиони евра.

Нето добивката на меѓународното банкарство на мало, која ги вклучува земјите како Италија, Полска и Египет, е намалена за 38% до 24 милиони евра.

Иако понискиот профит за кварталот во сооднос на основниот капитал од прв ред е на ниво од 12,1% во декември во однос на 12% во септември.

Банката соопшти дека ќе им плати на акционерите дивиденда од 0,60 евра по акција за 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП