26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција го продава имотот на интернет

Грција го продава имотот на интернет

grcija1

Грчките власти соопштија дека некои згради кои се во државна сопственост ќе бидат ставени на аукција преку интернет.

Процесот на приватизација во Грција е договорен во замена за добивање спасувачки заем од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Грчкиот фонд за развој на активата (ХРАДФ), соопшти дека ја одобрил процедурата за основање на интернет платформа, и дека првата аукција преку интернет ќе биде одржана помеѓу јули и септември, пренесува Франс прес.

„Ова е нов потег наменет за зголемување на транспарентноста, забрзување и интезивирање на нашите операции“, изјави генералниот директор на ХРАДФ, Јанис Емирис.

Новата платформа, според зборовите на фондот, ќе понуди „едноставен и еднаков“ пристап до техничките и законските информации за недвижностите кои се на аукција.

Грција минатиот месец објави листа со 28 згради во државна сопственост кои се на продажба или закуп, вклучувајќи ги зградите на некои министерства, полициски станици во Атина и Солун, и неколку канцеларии на даночните служби.

Грција оваа година мора да собере 2,6 милијарди евра од продажба на имотот.

Соочена со шеста година по ред во рецесија, оваа земја во голема мерка се потпира на меѓународните спасувачки заеми за да го избегне банкротот.

Грција вети дека во замена за кредитите ќе собере 9,5 милијарди евра со продажба на имот до 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП