26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNokiа за 347 милиони евра ја презема компанијата Comptel

Nokiа за 347 милиони евра ја презема компанијата Comptel

nokia-buy-comptel-corporation

„Nokia“ објави дека за 347 милиони евра има намера да ја купи домашната финска компанија „Comptel“, која се занимава со софтвер кој телекомуникациските оператори го користат за управување со својата опрема и мрежа.

Работењето на „Nokia“ во моментот се однесува исклучиво само на опрема за телекомуникациски оператори.

За да ја зајакне својата позиција на тој пазар, каде конкуренција и се кинеската компанија „Huawei“ и швескиот „Ericsson“, финската компанија има намера да покрене посебен бизнис со софтверот за управување со телекомуникациската опрема.

Тоа ќе го постигне со купувањето на домашната (финска) компанија „Comptel“ за што ќе се издвојат 347 милиони евра.

„Nokia“ планира да понуди 3,04 евра за секоја акција на „Comptel“, но по објавата на понудата, цената на одделни акции на „Comptel“ скокна на 3,06 евра сугерирајќи дека некои акционери очекуваат дека понудата на Nokia ќе биде поголема од објавената.

Компанијата „Comptel“ е малку помала од конкуренцијата како што се компаниите „Amdocs“, „Convergys“ и „Radcom“, но во текот на минатата година заработи 100 милиони евра на софтвер кој на телекомуникациските оператори им помага во управувањето со нивната опрема и мрежа.

Исто така, „Comptel“ разви и одреден виртуелен софтвер кој телекомуникациската опрема на „Nokia“ ја прави застарена и непотребна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП