26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАОва е најдобриот начин да го завршите мејлот доколку сакате одговор

Ова е најдобриот начин да го завршите мејлот доколку сакате одговор

mail-640x330

Според анализата на Boomerang, апликацијата за подобар ефект на мејловите, различните поздрави на крајот на мејлот даваат различни видови на „одговор“. Анализата покажала дека на крaјот на пораката најдобро е да искажете – благодарност.

Поконкретно, резултатите покажале дека најефективниот поздрав на крaјот на мејлот е „Благодарам однапред“.

За потребите на студијата Boomerang ги истражувал „поздравите“ односно завршните реченици на околу 350.000 мејлови кои ги има во архивата. Како што наведоа, многу мејлови содржеле „молби од луѓето на кои им е потребна помош, услуга или совет, и кои се надевале на одговор“.

Избрани се осум „завршни реченици“ или „поздрави“ кои се појавувале околу 1.000 пати и колкав бил одговорот на секоја од овие верзии. Еве до кои резултати дошле.

„Благодарам однапред“ – на ова одговориле 65,7 проценти

„Благодарам“ – 63 проценти

„Ви благодарам“ – 57,9 проценти

„Срдечен поздрав“ – 53,9 проценти

„Поздрав“ – 53,5 проценти

„Со почит“ – 52,9 проценти

„Се најдобро“ – 51,2 проценти

Просечната стапка на одговор за сите мејлови во овој примерок е 47,5 проценти.

Во претходните истражувања се покажало дека учесниците сакале да им помогнат на студентите кои во молбата напишале фраза „Ви благодарам многу! Многу сум благодарен на вашата помош“.

Овие резултати можат да ви помогнат во составување на поздравот на крајот на мејлот, но немојте да се држите само до нив. Сами направете некаков вид на истражување, и заклучете што најдобро „работи“ за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП