26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ од политиката на Трамп очекува притисок

ММФ од политиката на Трамп очекува притисок

IMF managing director Christine Lagarde holds a news briefing at the International Monetary Fund headquarters in Washington

Новиот американски претседател Доналд Трамп веројатно е добар за американската економија краткорочно, но зголемувањето на каматните стапки и јакнењето на доларот ќе биде предизвик за глобалната трговија, оцени директорката на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) Кристин Лагард.

Таа рече дека плановите на Трамп за дополнително инвестирање во американската инфраструктура и неговата најавена даночна реформа ќе го поттикнат економското богатство на САД.

Сепак, Лагард призна дека политиката на Трамп веројатно ќе ги притисне светските берзи.

„Тоа е притисок што ќе биде тежок за глобалната економија и за кој економиите треба да се подготват“, порача Лагард на самит во Дубаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП