26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате да бидете забележани како посебни? Искористете ги овие трикови!

Сакате да бидете забележани како посебни? Искористете ги овие трикови!

Attractive business woman working on laptop

Без оглед дали имате или немате работа, или пак, само што сте почнале да работите на некое ново работно место или сега бевте на интервју за работа, постојат неколку трикови кои мора да ги искористите за да бидете забележани како посебни.

На работодавецот напишете му благодарница, но никако тоа немојте да го направите преку порака или на меил. Напишете му заблагодарување со сопствениот ракопис на ливче хартија, бидејќи на тој начин сигурно ќе се истакнете меѓу другите вработени.

Кога шефот ќе ве пофали и тоа ќе го направи така што ќе ви испрати меил дека добро сте ја обавиле работа, оставете го тоа како доказ кога еден ден ќе дојде време за проценка на квработените. Кога ќе бидат оценувани сите, вие ќе имате потврда дека успешно сте ја обавувале работата.

Кон сите во компанијата однесувајте се исто. Без оглед дали станува збор за шефот или некој под вашето ниво, однесувајте се со почит. И секако, озборувањето е забрането.

Трудете се не само околу работата, туку и околу изгледот. Начинот на кој изгледате испраќа порака кон работодавецот на кој начин ја обавувате работата. Според тоа секогаш бидете уредни и облекувајте се со мерка и вкус.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП