26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗХибридната Porsche Panamera ќе добие суперсилна верзија

Хибридната Porsche Panamera ќе добие суперсилна верзија

pp hibrid3345

Новата генерација на „Porsche Panamera“ која минатата година беше претставена, а во неа беше вклучена верзијата „E-Hybrid“. Таа има моќен агрегат, развива моќност од 462 КС. Германскиот производител сепак има намера да пушти уште помоќна хибридна модификација која ќе биде прикажана на саемот во Женева во март.

Слични гласини веќе некое време се појавуваат во медиумите, а како што се тврдеше во основата на сличен автомобил ќе биде 4,0-литарски бензински V8 мотор. Тие сепак беа демантирани од страна на директорот за продажба на „Porsche“ – Стефан Ватч. Според него и новиот хибрид ќе се потпира на моторот од „Panamera 4S“ – 2,9-литарски V6 кој развива 440 КС.

Во пракса тоа значи дека модификација ќе добие повеќе од 500 КС, што ќе овозможи забрзување од 0 до 100 км/ч во рамките на 4,2 секунди и развивање на максимална брзина од 290 км/ч. За споредба – сегашниот „E-Hybrid“ со 462 КС крева 100 км/ч од место за 4,6 секунди, а максималната брзина му е 278 км/ч. Според информациите од производителот, просечната потрошувачка е намалена на 2,5 л/100км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП