26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонцептот C-Aircross го најавува новиот Citroen C3 Picasso (фото+видео)

Концептот C-Aircross го најавува новиот Citroen C3 Picasso (фото+видео)

air 2033

Понудата на европски „MPV“ модели во сегментот на кросовер/СУВ возила продолжува. Откако „Peugeot“ и „Opel“ некои од своите мини-ванови ги трансформирале во кросовери, слична судбина го очекува и актуелниот „C3 Picasso“.

Сериската верзија на новата генерација на моделот „C3 Picasso“ требало да се појави во продажба 2018-та, а веќе за еден месец публиката на женевскиот авто-салон ќе биде во можност да го види новиот концепт „C-Aircross“.

aircross 0012

Како и обично, кога станува збор за концептни возила, дизајнерите добиле повеќе слобода, па „C-Aircross“ има големи тркала, камери наместо огледалата на надворешните ретровизори и задната врата која се отвара во спротивна насока од предната. Сепак, треба да се очекува дека продукцискот „C3 Picasso“ имаат конвенционални и поевтини решенија во однос на овие кои се претставени на концептот.

aircross 0016

Од друга страна, „Citroen“ секако нема да се откаже од „Airbumps“ страничните заштитни лајсни, кои за прв пат беа прикажани на моделот „C4 Cactus“, a потоа и на новиот „C3“.

aircross 0015

Кабината го отсликува стилот кој исто така е присутен кај споменатите два автомобили. Повеќето функции и команди се префрлени и на 12-инчниот екран на мултимедијалниот систем, а помош на возачот му нуди и „head-up“ дисплеј.

aircross 0013

Новиот дизајнерски пристап ќе го заокружи футуристичкиот волан, кој во серискиот модел сепак отстапува место на класичниот управувач каков што „Citroen“ вградува и во „C3“.

aircross 0014

Детали за погонскиот агрегат не се соопштение, но тоа во случај на концептот се помалку важна информација, со оглед дека продукцискиот „C3 Picasso“ ќе ја користи палетата на мотори од „Citroen C3“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП