26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia и Orange заедно развиваат 5G мрежа

Nokia и Orange заедно развиваат 5G мрежа

5g nokia 00

„Nokia“ и „Orange“ склучија договор за развој на идната „5G“ мрежа. Клучните елементи вклучуваат „Ultra Broadband“ и „Internet of Things“ поддршка. Инфографикот на „Nokiа“ за „5G“ ги опишува деталите за „5G“ мрежата, која ќе вклучува многу повеќе од мобилни телефони.

Се, од паметна облека до наплата на патарина ќе се извршува преку „5G“ мрежата. Се очекува овој пристап значително да го зголеми бројот на корисници на мобилната мрежа. Ова ќе биде остварено по пат на „Dynamic Network Slicing“, што им овозможува на провајдерите да ги конфигурираат своите мрежи на бројни начини и за бројни потреби, а се тоа на истата опрема.

Исто така, тука се и апликациите со голем обем, како што се „8K“ видеа и „VR“ гејминг. Проектот на „Nokia“ и „Orange“ во план има масивен „MIMO“ и нови фреквенции со кои ќе се надоградат постоечките „4.5G“ и идните „4.9G“ мрежи, кои веќе обезбедуваат брзини од еден гигабајт во секунда.

„Nokia“ истакнува дека веќе постојат 90 провајдери кои преминале на „4.5G“, a од оваа година пристигнува „4.5G Pro“ и ќе нуди „десет пати повеќе брзина во однос на иницијалната „4G“ мрежа“, со јасна надоградба на „4.9G“, a потоа и на „5G“.

5g nokia 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП