Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Tip of the week: Домашна задача

Време: 14:00

Датум: јануари 26, 2017

Категорија: КОЛУМНИ

Untitled-1

Пред некој ден се вратив од зимување, и на работа се шегувавме дека би требало да напишам состав: „како си помина на зимскиот распуст“. Веднаш се сетив на школските денови и моментите кога нè „тераа” да пишуваме домашна задача со таков состав, секогаш кога ќе се вратевме од зимски или летен распуст.

Ме заинтригира концептот на домашни задачи и се јавив кај наставниците на моите деца, чисто да го слушнам нивното размислување за ова прашање.  Драго ми е што и они ми го потврдија она што јас го размислував, а и го пребарував по нет, за овој концепт и зашто се користи тој. Домашните работи, во тој период, ни ги даваа главно за повторување на сработениот материјал, за утврдување на сработеното, поттикнување на самостојно размислување и работење, истражување, но и еден вид на стекнување обврска. Во зависност од возраста на ученикот, домашните работи се даваа и за да се задржи континуитетот во учењето.

Искрен да бидам, ништо не е променето ниту сега, на поголема возраст. Суштината е таа, па дури и „вордингот”. Па така, кога некој ќе нè праша: дали си ја заврши својата домашна, значењето може да биде:

  • Истражување – пред воопшто да започнете да ја извршувате работата која ви е доделена, направете истражување. Искористете ги сите алатки кои ви се на располагање да направите истражување за личноста, компанијата, потенцијалите.
  • Подготовка – дали сте подготвени за задолженијата што ви се дадени во смисла, дали имате доволно информации, знаење и документи. Доколку ви се потребни, немојте да се срамите да ги побарате. Немојте воопшто да започнувате, ако ги немате.
  • Анализа – на крајот на денот, направете ревизија на тоа што е сработено, анализирајте ги добрите и лошите работи. Видете зашто некои работи тргнале на лошо. Бидете самокритични и учете од грешките.
  • Приоретизирање – сигурно сте се нашле во ситуација кога имате да завршите премногу работи, па најдобро ќе биде да си направите приоритетна листа. Листата нека биде поделена според категорија од висок, среден и низок приоритет. Тие од висок приоритет, се работи кои треба да ги завршите веднаш, тие од среден за кои не треба толку итна акција, а тие од низок се оние што може да почекаат, но не и да ги заборавите.
  • Работна рутина – дефинирајте ја својата работна рутина во извршување на задачите. Дефинирајте прво начин на извршување на работата која најмногу ви одговара за истата. Дефинирајте ги и работите кои може да ве вознемират при извршување на задачите и веќе кога ги знаете, не дозволувајте тие да ве прекинуваат

Си ја завршивте домашна?

 

Со успех во промените

Калин Бабушку

Член на тимот

МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ Консалтинг

www.macedonia-consulting.com

www.macedonia-export.com

КОМЕНТАРИ

  • Tip of the week: Хаос на маса

    Tip of the week: Хаос на маса

    Велат дека каква ти е работната масата таков ти е карактерот. Ако е така, тогаш ова што ви го пишувам баш и не ми иде…

  • Tip of the week: Краток текст

    Tip of the week: Краток текст

    „Го напишав ова писмо подолго од вообичаено, затоа што немам време да го напишам пократко”                    …

  • Tip of the week: Неспиење

    Tip of the week: Неспиење

    Според некои статистики, на човековиот организам, за да функционира нормално,  потребно му е од 6 до 8 часа спиење во текот на ноќта, а не…

  • Tip of the week: Никој не ни е крив

    Tip of the week: Никој не ни е крив

    Оф мори мајкоооо… и секогаш на ова имаме: па што ти е крива мајка ти? И навистина така е, што е крива таа што вам…

  • Tip of the week: Импровизација!

    Tip of the week: Импровизација!

    „За да бидете добри импровизатори, мора да сте експерти ’мајстори’ во она што го правите!” Импровизацијата, најмногу се поврзува со некоја уметност (сликарство, музика, глума…),…

  • Tip of the week: Почеток

    Tip of the week: Почеток

    Со почетокот на година започнуваат нови работи. Логично е, не за друго, сите да си посакаме и да ни се случат убави работи. Но, дали…

  • Tip of the week: Набрзинка

    Tip of the week: Набрзинка

    Секојдневно сме атакувани со информации за нешто што може да се направи набрзина. Ослабете за 3 дена! Рамен стомак за 2 дена! Научи јазик за…

  • Tip of the week: Важно е да се реши проблемот!

    Tip of the week: Важно е да се реши проблемот!

    Во две проблематични ситуации, што ми се случија периодов, двајца од соработниците кога се појави проблемот ми рекоа „не се грижи, најважно е да го…

  • Tip of the week: Мудри одлуки

    Tip of the week: Мудри одлуки

    Според некои истражувања, дневно донесуваме околу 70 одлуки. Некои од нив се минорни, како на пример, што да јадеме или по кој пат да одиме…

  • Tip of the week: Сериозно сфаќање на работите!

    Tip of the week: Сериозно сфаќање на работите!

    Каков оксиморон е животот?! Пред неколку неделни совети, пишував за тоа како не треба работите да ги сфаќаме сериозно, а сега пишувам за тоа како…