Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 534.00 -1.11%    ALK 7,277.39 -0.99%    GRNT 780.00 -0.44%    KMB 2,630.26 -1.28%    LOTO 582.00 -3%    MPT 26,337.50 -0.03%    OHB 4,600.00 -5.18%    RMDEN14 92.20 0%    RMDEN15 94.90 -0.11%    SBT 1,928.00 -2.97%    STB 916.57 -0.33%    TEL 270.00 -0.71%    TNB 13,407.59 -0.48%    TPLF 1,560.00 -1.48%    ZPKO 2,601.00 0%    

Интервју со Никола Илиевски, Менаџер во A&Е Груп

Време: 11:07

Датум: јануари 23, 2017

Категорија: ИНТЕРВЈУ

koko

Tonino Lamborghini е кафе кое е симбол на италијанската култура и традиција

Денар: Првата асоцијација која ја добиваме кога ќе се спомене престижниот бренд Ламборџини се брзите спорски автомобили, па оттука и прашањето од каде спојот меѓу овој луксузен автомобил со кафето и чаевите?

Иновацијата е самиот корен на оваа фамилија, пред да започнат со производство на супер брзите спортски автомобили основачот на Ламборџини, Феруџио Ламборџини дизајнирал и произведувал трактори. Идејата за продолжување на оваа традиција во други сегменти потекнува од синот, Тонино Ламборџини. Сакајки да ја прошират визијата и мисијата на нивната фамилија во други сегменти притоа користејќи ги нивните вредности и традиција. Беспрекорниот стил и квалитет да го преточат во производи, вклучувајќи ги и пијалоците. Кафето покрај автомобилите преставува симбол на италијанската култура и традиција па оттука и самата идеја за производство на кафе со автентичен квалитет и дизајн со познатото лого на фамилијата Ламборџини – “бесен бик”.

Денар: Кажете ни нешто повеќе за Тонино Ламборџини во кои сè сегметни е нивното поле на интерес и развој?

Покрај луксузните пијалоци, под капата на брендот Тонино Ламборџини се и луксузните часовници, аксесоари,  смарт телефони, хотели и ресторани низ повеќе држави во светот.

Денар: На кој начин овие премиум брендови го оправдуваат ваквиот епитет? Кое е нивното потекло и каде се врши производството?

Тенденцијата на фамилијата Ламборџини за најдоброто се применува во секој од производите, па така и зрната кафе, состојките во чаевите и топлото чоколадо се предмет на внимателна селекција и стандардизација. Зрната кафе се одгледуваат на посебни плантажи во Бразил  и Центрaлна Америка за потребите на компанијата. Производството на кафе датира од 1990 година во Болоња, Северна Италија.

aac

Денар: Доколку се посети веб страницата на Тонино Ламборџини покрај кафето и чаевите се забележуваат и други производи и аксесоари како алкохолни пијалоци, модни додатоци, енергетски пијалоци. Како дистрибутери на чаевите и кафето какви се вашите планови, до каде планирате да ја проширите палетата на нивната понуда и во нашата земја?

Со оглед на тоа дека ние сме нивни официјални дистрибутери покрај кафето, чаевите и топлите чоколада на пазарот ќе ја претставиме и дистрибуираме целата нивна палета на производи, за да можат и нашите потрошувачи во Македонија да уживаат во овој луксузен бренд.

Денар: Имајќи предвид дека Ламборџини е статусен симбол, дали овие производи имаат тенденција да привлечат и таков тип на клиенти или пак се обраќаат на пошироката публика?

Нивните вредности се луксуз, квалитет, автентичност и дизајн. Но цените на кафето, чајот, топлото чоколадо, енергетскиот пијалок, водката и вината се адаптирани за да привлечат и поширока публика. Аксесоарите пак од друга страна се вистински луксуз па оттаму важат и за статус симболи.

aag

Денар: Во однос на селекцијата на чаевите за колку различни вкусови станува збор и од каде е нивното потекло?

Станува збор за дванаесет различни видови на органски чаеви чиj што состојки потекнуваат од различни делови на светот, каде што климата и условите се најповолни за нивно одгледување. Секој чај доаѓа во единечни рачно порабени свилени кесички со водоотпорна етикета на “Бесниот Бик” и секое од нив со посебно упатство за подготовка. Селекцијата се состои од три вида од групата на зелени чаеви, три вида од групата на црни чаеви, еден бел, еден црвен чај и четири инфузии од кои два овошни.

Денар: Кои се вашите очекувања? Македонија е земја која го љуби кафето и луѓето имаат свои ритуали кога е во прашање квалитетно зрно кафе, но од друга страна пазарот е речиси презаситен со различни брендови. На кој начин планирате да го привлечете вниманието и да стекнете верни коирсници на вашиот бренд?

Ние располагаме со четири различни мешавини на зрна кафе кои се создадени да ги задоволат сите вкусови вклучувајки ги и оние најпребирливите. Автентичноста и квалитетот наградени со врвен дизајн и стил се она што ние го нудиме на пазарот и по што се разликуваме од останатите. Наша цел е да го разбудиме духот и страста на овој познат бренд кај нашите потрошувачи и да понудиме нешто вистински традиционално и вредно, ништо помалку од најдобриот италијански стил.

kk

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    Интервју со Соња Шмуц, генерален менаџер на Словенечката стопанска и индустриска комора

    “Единствените граници со кои треба да се справиме се оние во нашиот ум!” Денар:Ве молиме кажете ни нешто за себе и за почетоците на вашата…

  • Интервју со Радмила Чобанова Василевска, Директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара

    Интервју со Радмила Чобанова Василевска, Директор за контрола на квалитет во Битолска Млекара

    Денар: Поводот за ова интервју е Меѓународниот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во месец ноември. Во оваа насока, што сѐ презема Битолска…

  • Интервју со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

    Интервју со г. Мурат Јуксел, кантри маркетинг директор на Рамсторе Македонија

    Секогаш се трудиме да ги надминеме потребите и очекувањата на нашите потрошувачи! Денар: Зошто Рамсторе е прв избор на потрошувачите? За време на нашето дванаесетгодишно…

  • Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Интервју со Димитар Богов – гувернер на Народната банка на Република Македонија

    Денар: Како ја оценувате макроекономската состојба во Македонија? Макроекономската состојба во Македонија во првата половина на 2017-та година во голема мера беше под влијание на политичката…

  • Интервју со Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика

    Интервју со Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика

    Илирика како врвна финансиска институција нуди високо ниво на инвестициски услуги кои покрај разните предизвици секогаш е доследна во своите стратегии кои резултираат со долгорочни…

  • Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

    Интервју со Олга Дервенџи – Менаџер за лизинг на Skopje City Mall

    Денар: Skopje City Mall е нашиот најголем трговски центар, чија работа и функционирање мора постојано да ја следите. Како се справувате со оваа задача, односно…

  • Интервју со Дарко Панчевски – претставник од маркетинг секторот на Skopje City Mall

    Интервју со Дарко Панчевски – претставник од маркетинг секторот на Skopje City Mall

    Денар: Овој месец Skopje City Mall слави 5 години постоење и за овие неколку години успеа да се позиционира како лидер на пазарот. Што е…

  • Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

    Интервју со Валентина Николовска – менаџер за комерцијализација на Skopje City Mall

    Задоволните и лојални клиенти се нашиот најголем успех и сатисфакција Skopje City Mall е првиот современ трговски центар во Македонија кој утре слави 5 години…

  • Интервју со Тома Аргир – техничкиот и оперативен директор на Skopje City Mall

    Интервју со Тома Аргир – техничкиот и оперативен директор на Skopje City Mall

    Денар: Сите добро го познаваме Skopje City Mall однадвор, но ретко кој ги знае техничките работи потребни за функционирањето на еден трговски центар. Што всушност…

  • Интервју со г. Филип Поповски, Генерален Секретар на ФФМ

    Интервју со г. Филип Поповски, Генерален Секретар на ФФМ

    Со изградбата на стадионот “Младост” во Струмица добивме нов репрезентативен терен според високите стандарди на УЕФА Денар: Помина скоро еден месец  од организацијата на Скопје…