26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо фокусот на инвеститорите беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

Во фокусот на инвеститорите беше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје

mk-berza224

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје во петокот се најде во фокусот на инвеститорите со промет од 2.048.560 денари и учество од 26,43 отсто во вкупниот промет од 7,75 милиони денари.

Над милион денари имаа промет и акциите на Алкалоид АД Скопје 1,2 милиони денари и Стопанска банка Скопје 1,2 милиони денари, како и обврзницата за денационализација РМДЕН15 со промет од 1,46 милиони денари.

Со истргувани 11 акции по просечна цена од 9.485 денари, со раст на вредноста од 4,66 отсто, акцијата на НЛБ Банка се најде на врвот на листата на најголемите добитници. Последна истргувана цена на оваа хартија беше 9.500 денари.

Најголем пад на вредноста, од 1,82 отсто, со просечна цена од 27.000 денари забележа акцијата на Макпетрол АД Скопје, а по неа следеше акцијата на Комерцијална банка АД Скопје со пад од 0,68 отсто и просечна вредност на акцијата од 2.977,56 денари.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад на вредноста од 0,06 проценти, и изнесуваше 2.213,29 индексни поени, додека пак индексот ОМБ и покрај солидниот промет остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП