26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ потпиша со Девон ван Острум

МЗТ потпиша со Девон ван Острум

van-Ostrum

МЗТ Скопје Аеродром во финишот на преодниот рок во АБА лигата договори соработка со Британецот Девон ван Острум. 24-годишниот Британец, кој има и холандски пасош, договорил соработка до крајот на сезоната во АБА лигата, со можност истата да биде продолжена и за македонскиот шампионат.

Девон ван Острум е висок 193 сантиметри и кој игра на двете бековски позиции, а во МЗТ пристигна од Грција каде што настапуваше за екипата на Короивос. Новоангажираниот кошаркар е сениорски репрезентативец на Велика Британија и соиграч на Даниел Кларк.

Ван Острум во МЗТ доаѓа на местото на Сулејман Дијабате. Британскиот кошаркар кариерата ја започнал во Басконија, а има настапувано за уште неколку шпански пониски лигаши, како и за Цибона, финскиот тим Кувот и грчки Аркадикос.

Дебито на ван Острум во дресот на МЗТ Скопје Аеродром треба да се случи на дуелот против Мега Лекс, закажан за 28 јануари во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП