26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМанчестер Јунајтед со поголеми приходи од Реал Мадрид

Манчестер Јунајтед со поголеми приходи од Реал Мадрид

mu-696x383

Англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед го престигна европскиот шампион Реал Мадрид и стана фудбалски клуб со најголеми приходи во светот, достигнувајќи до рекордни 735 милиони долари на крајот на мината сезона, покажува податокот на консултантската куќа Deloitte, објавен во четврток.

Реал Мадрид првото место го држеше последните 11 години, но славниот англиски клуб, благодарејќи на комерцијалните договори, го зголеми износот на приходи во сезоната 2015/16.

Клубот од Мадрид падна на третото место, додека на второто е актуелниот шпански првак Барселона. На четврто место е Баерн од Минхен, додека петти е Манчестер Сити.

Вкупните приходи, кои не вклучуваат пари од продажбата на фудбалери, пораснале 12 отсто во однос на претходната сезона и изнесуваат 7,4 милијарди евра, ако се земат предвид вкупниот износ на водечките 20 клубови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП