26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром го зголемува извозот за Европа во студените денови

Газпром го зголемува извозот за Европа во студените денови

isporaka gas3993

Невообичаено ниските температури во првите денови на 2017-та година води до зголемени испораки на природен гас во Европа. Податоците на „Газпром“, цитирани од „ТАСС“, покажуваат дека во периодот 1- 15 јануари извозот за земјите надвор од „ЗНД“ се зголемува со 25,5% на годишна основа.

Во апсолутни бројки растот е од 1,9 милијарди кубни метри, додаваат од гасниот гигант.

Во 2016-та година компанијата испорача рекордни 179,3 милијарди кубни метри на клиенти во Европа. Зголемувањето наспроти 2015-та година е во рамките на 12,5 отсто.

Волуменот за Данска е меѓу повеќето кои нагло беа зголемените во минатата година – со 156% до 1,7 милијарди кубни метри. Во Западна Европа значително зголемување има уште и во Велика Британија (60%) и Холандија (77%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП