26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуризмот во Грција - повеќе туристи, но помалку приходи

Туризмот во Грција – повеќе туристи, но помалку приходи

tur greee

Туризмот е еден од водечките сектори за грчката економија – трет по големина работодавач во земјата по секторот на трговијата и пред индустријата и јавниот сектор.

Во првите 9 месеци од минатата година земјата е посетена од 23,5 милиони лица, што е за речиси 5% повеќе во однос на 2015-та година. Приходите сепак се намалуваат, пишува „Катимерини“.

Според податоците на централната банка на Грција за периодот од јануари до септември 2016-та година приходите од туризмот во земјата се 11,78 милијарди евра или за 1 милијарда евра помалку за истиот период од 2015-та година. За време на престојот туристите трошат во просек по 491,20 евра или за 13,2% помалку на годишно ниво.

За прв пат откако Централната банка ги следи приходите од туризмот износот паѓа под 500 евра, додава весникот. Статистиките се базира на студии меѓу посетилите на земјата.

Од трговска организација во Грција велат дека причината за пониските приходи се новите даноци за секторот наметнати од влада во 2016-та година. Според „Greek Reporter“ сепак трендот е глобален – туристите почнуваат да трошат помалку за време на своите патувања.

Во првата половина ги имаше и познатите флуктуации во секторот – земјата влезе малку подоцна и растот во текот на летото се должеше главно на резервациите во последен момент.

Приходите во секторот запишаа 41% раст во периодот 2011 – 2015 година, но во 2016-та година ќе има пад, додава весникот.

Сепак кај јужниот сосед се оптимисти за 2017-та година. Земјата најверојатно ќе го искористи значителниот пад на резервациите во Турција, пишува уште „Tornos News“, повикувајќи се на Грчката туристичка конфедерација (SETE).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП