1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на прометот во индустријата

Раст на прометот во индустријата

industrijata-zgolemen-brojot-rabotnici

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 111.9.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2016, во однос на ноември 2015 година, бележи пораст од 6.7%, а прометот остварен на странските пазари бележи пораст од 13.2%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи опаѓање од 1.3%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 12.4%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.6%, Капитални производи за 18.0%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 15.4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9.2%.

Индексот на прометот во индустријата во ноември 2016 година, во однос на октомври 2016 година, изнесува 102.8, додека во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на периодот јануари-ноември 2015 година, изнесува 110.2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП