27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Само фантазии се тврдењата дека и други земји ќе го следат примерот...

„Само фантазии се тврдењата дека и други земји ќе го следат примерот на Brexit“

648x415_pierre-moscovici-a-lens-13-fevrier-2014

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московици, изјавил дека тврдењата оти другите земји-членки на ЕУ ќе го следат примерот на Велика Британија и ќе се одлучат да ја напуштат Унијата се само фантазии, пренесува Reuters.

Во реакција на коментарите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека нешто такво ќе се случи, Московици рекол дека цената на Brexit ќе биде „значителна“ и дека тоа ќе ги одврати другите земји да го сторат истото.

„Не се плашам. Мислам дека идејата дека Brexit ќе ги зарази останатите се лоши фантазии“, додал еврокомесарот. „Brexit не е добра работа”, рекол тој и го предупредил Трамп дека неговите коментари го поддржуваат распадот на ЕУ и нема да им дадат добар почеток на трансатлантските односи.

Московици посочил дека најдобар одговор од страна на ЕУ ќе биде да се почека до инаугурацијата на Трамп и да се видат првите чекори на неговата администрација. „Треба да сме подготвени, мобилизирани и кога ќе дојде време да реагираме. Европа не треба да биде наивна, Европа треба да биде во можност да реагира“, порачал францускиот еврокомесар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП