26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФранција 2017: Фаворитите без проблеми на стартот

Франција 2017: Фаворитите без проблеми на стартот

duvnjak222

Фаворитите Германија, Данска и Хрватска со победи стартуваа на 25-то Светско првенство во ракомет, додека домаќинот Франција ја забележа и втората победа.

Хрватска во Ц групата ја победи Саудиска Арабија 28:23. „Вардарецот“ Лука Циндриќ со шест и Домагој Дувњак со пет гола ја предводеа Хрватска. Во оваа група изнендување приреди Чиле со победата над Белорусија 32:28, а во дербито европскиот првак Германија ја совлада Унгарија 27:23. Голамнот Хајневетер со 15 интервенции, односно Генсхајмер со 13 и Хефнер со седум голови го предводеа европскиот првак.

Олимпискиот шампион Данска без проблеми се справи со Аргентина, во триумфот 33:22, Микел Хансен постигна шест, Ласе Сван Хансен пет, а Ханс Линдберг и Магнус Линдберг по четири голови.

Мундијалот со пораз го започна актуелнииот вицепрвак Катар. Египет го совлада Катар 22:20, а во оваа Д група Шведска го декласира Бахреин со 33:16.

Бранителот на титулата и домаќин на шампионатот Франција, во првиот меч од второто коло славеше над Јапонија 31:19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП