9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако да ги намалите сметките за струја и парно?

Како да ги намалите сметките за струја и парно?

ter

Термо изолационата иновација „ТермоСтоп” обезбедува 30-50% заштеда на енергија

Екстремно ниските температури неминовно ќе предизвикаат зголемени трошоци за загревање на просториите. Сметките за струја и парно, како и трошоците за огревно дрво можат значајно да се намалат доколку  се постави ефикасна термо изолација. Македонската компанија Металотехника Прилеп, поддржана од Фондот за иновации на Р. Македонија создаде иновативен високо квалитетен термоизолационен производ „ТермоСтоп” кој претставува вистинско изолационо чудo. Овој производ добиен е по Нано технологија изработен според најновите истражувања на врвни домашни експерти http://metalotehnika.mk/#

Станува збор за еколошки производ, чие производство не доведува до загадување на животната средина, а чија ефикасност ги надминува сите досегашни стандарди. Овозможува заштеда најмалку 30 – 50% од потрошувачката на енергија во објектите каде се поставува, во период од најмалку 15 години.

Иновацијата на Металотехника Прилеп, термоизолациониот материјал „ТермоСтоп” претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, а во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Видео https://www.youtube.com/watch?v=CniP7__Jpww

Се нанесува на метал, бетон, цигла и на скоро сите подлоги за подови, ѕидови, кровови, пароводи, топловоди, топол воздух, канали за климатизација итн.  Идеално за премачкување на резервоари за нафта и мазут. Се користи за фасадни зидови, но и за внатрешни зидови, како и за подови како основа пред нанесување подно греење. Може да има примена во станбени објекти, а подеднакво и во индустриски капацитети, а таму каде се поставува овој производ не се појавува кондензација или мувла. Еден до два милиметри дебелина на нанесен слој од оваа изолација заменува 50-70 милиметри од класична изолација. Може да се нанесува и во период на зима, до температура не помала од +5 степени, за да не замрзнува производот бидејќи е на водена основа.

termo

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП