26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan го демонстрираше дизајнот за нивните идни модели (фото+видео)

Nissan го демонстрираше дизајнот за нивните идни модели (фото+видео)

nisconcept00

Јапонскиот производител „Nissan“ за време на автосаемот во Детроит го претстави концептниот модел „Vmotion 2.0“, кој треба да покаже како ќе изгледаат идните седани на брендот.

nisconcept01

Изгледот на возилото е доста агресивен, а вратите може да се отворат во спротивни насоки. Во кабината впечаток остава најголемиот дигитален панел и модернизираниот информациско-забавен систем.

Растојанието помеѓу двете оски кај концептот достигнува 2850 мм, а со овој показател тој се занимва со двата седани понудени од марката – „Maxima“ и „Altima“. Возилот добил систем за автономно движење „ProPILOT“ кој дебитираше претходно кај „Nissan Siena“.

nisconcept02

Системот е способен во автоматски режим да командува со давањето гас, запирањето и управувачот, а може да ги препознава и различните ситуации на патот и да го менува стилот на возење во зависност од нив. Префрлувањето на беспилотниот режим се активира со притискање на копче на воланот, а податоците се појавуваат на посебен дисплеј.

nisconcept03

Целото управување „ProPILOT“ го остварува благодарение на податоците од камера монтирана во предниот дел на автомобилот. Таа е опремена со посебни програми за обработка на добиените слики, така што брзо го одредува местото на возилото кое се наоѓа напред, како и сообраќајните прописи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП