26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните

Растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните

maxresdefault

Растечката нееднаквост во богатството и приходите ќе претставува клучен економски ризик во наредните 10 години, се наведува во извештајот на Светскиот економски форум.

Во извештајот под називот „Глобалните ризици во 2017 година“ се наведува дека е потребна обнова на економскиот раст ширум светот.

„Потребна е исто така, реформа на пазарниот капитализам со цел да се поправат пукнатините во општеството, а кои се особено забележителни во растот на популизмот ширум светот. Најдобри примери за тоа се победата на Доналд Трамп на изборите во САД и гласањето за Брегзит во Велика Британија“, се наведува во извештајот.

Форумот, исто така, како други важни економски ризици ги издвојува климатските промени, сајбер-зависноста, како и се постарата популација, пренесува АП.

Наредната недела Светскиот економски форум организира собир на глобалните политички и бизнис елити во швајцарското место Давос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП