27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБензините поскапуваат за половина денар, дизелот без промени во цената

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот без промени во цената

benzinite-benzin

Од полноќ бензините ќе се продаваат по нова повисока цена, која се зголемува за половина денар додека цената на дизелот ќе остане непроменета, и во наредните две недели ќе се продава во истата цена како и досега и тоа за 53,5 денари по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ, литар „еуросупер БС 95“ ќе се продава за 67 денари а „еуросупер БС 98“ за 69 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,718 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,827 денари за килограм.

Не се менува ниту цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое и натаму ќе чини 42 денари за литар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП