26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенците меѓу најдобрите трговци во ЕУ

Словенците меѓу најдобрите трговци во ЕУ

slovenijaplataluge1

Словенија спаѓа меѓу државите од Европската унија со најглем раст на трговијата на мало, покажуваат податоците на агенцијата на ЕУ за статистика Еуростат.

Обемот на трговија на мало се намалил во ноември на подрачјето на еврозоната во однос на октомври за 0,4 проценти, а во цела ЕУ за 0,1 проценти.

Според податоците на Еуростат, продажбата во однос на минатогодишниот ноември во државите на еврозоната зајакнала за 2,3 проценти, а во ЕУ за 3,4 проценти.

Словенија на месечно ниво забележала раст на продажбата на мало за 1,4 проценти, а годишниот раст изнесувал 11,3 проценти.

Меѓу членките на ЕУ Еуростат наведува дека најголемиот месечен пад на обемот на трговија на мало бил забележан во Германија, Австрија, Португалија и Данска, а најмал во Луксембург, Естонија, Романија, Словачка и Словенија.

На годишно ниво најголем раст на трговијата е забележан во Луксембург, Словенија и Романија, додека најголем пад на продражбата бил забележан во Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП