26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank ќе плати казна на САД од 95 милиони долари

Deutsche Bank ќе плати казна на САД од 95 милиони долари

dbank333

Со желба да стави крај на судската постапка која американското Министерство за правда ја покрена против неа, Deutsche Bank се согласи да плати 95 милиони долари, објави надлежниот сојузен обвинител.

Прит Барара, американски адвокат на јужната област на Њујорк, изјави дека Deutsche Bank ја користела „мрежата фиктивни компании и пресметани трансакции“ како би го избегнала плаќањето на десетина милиони долари данок.

Последната седмица од декември, пак, беше објавено дека германската Deutsche Bank се согласила на властите на САД да им исплати 7,2 милијарди долари во врска со истрагата за хипотекарни хартии од вредност. Сумата, која е пред конечно одобрување, е далеку помала од 14-те милијарди долари кои САД побара од банката да ги плати во септември.

Очекуваната казна предизвика загриженост дека евентуален неуспех на банката може да претставува ризик за глобалниот финансиски систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП