26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Фаблетите продолжуваат да заземаат се поголем удел на пазарот

График на денот: Фаблетите продолжуваат да заземаат се поголем удел на пазарот

grafableti-90

Овие денови, додека смартфоните и таблетите стануваат достапни и дистрибуирани од било кога, поврзаните уреди се доста популарни Божиќни и новогодишни подароци, коментира „Stastista“.

За да откријат кои видови уреди биле најбарани за време на празничната сезона, аналитичарите од „Flurry Analytics“ го испитува активирањето на новите уреди околу Божиќ во последните неколку години.

Според овогодинешните податоци „Apple“ е најголемиот профитер околу оваа божиќна сезона. Уредите „iPhone“ и „iPad“ формираат 44% од сите нови активирања меѓу 19-ти и 25-ти декември. На второ место е „Samsung“ со 21% од активацијата. Во однос на претходната година, сепак Концернот од Купертино губи 5% од уделот на пазарот.

Уште еднаш смартфоните со голем екран, т.н. фаблети, се особено популарни како подароци. Тие формираат 37% од сите нови активирања во оваа празнична сезона наспроти 27% од минатата година и само 13% во 2014-та година. Поголемите телефони како „Galaxy Note“ или „iPhone 7 Plus“ брзо станаа прв избор за милиони корисници на смартфони во целиот свет.

grafableti-91

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП