27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку Касис Ад Скопје ќе се вршат дигитални плаќања со картички

Преку Касис Ад Скопје ќе се вршат дигитални плаќања со картички

kasis-3399

Процесорот за картички во Македонија, Касис АД Скопје и меѓународната картична организација Mastercard International Incorporate, потпишаа договор со кој на Касис АД Скопје му ја доделија лиценцата за дигитален оператор преку кој ќе се извршуваат дигитални плаќања со картички.

Со тоа, наскоро на банките и на граѓаните во Македонија ќе им биде понудено поблиску да се запознаат со дигиталните финансиски услуги, но и да ги користат.

„Добивањето лиценца за т.н облак базирани плаќања (Mastercard Cloud-Based Payments) е еден од поголемите исчекори во започнување на епохата на дигитални плаќања.
Ги известуваме сите учесници во финансискиот пазар во Република Македонија, дека наскоро Касис АД Скопје, во соработка со Mastercard ќе овозможи и понуди лепеза на услуги од сферата на дигиталните плаќања. Со добивање на лиценцата чувствуваме голема одговорност што поскоро на финансискиот пазар во Македонија, да ги презентираме и реализираме различните компоненти и функции на овие плаќања”, изјави претседателот на управниот одбор и извршен директор, Биљана Доновска – Гечева.

„Централна и Источна Европа се со генерално позитивен став кон дигитализација, што го покажа и нашата најнова студија за влијанието на иновациите во регионот”, изјави Вања Манова менаџерот на Mastercard за Македонија и Бугарија.

2Во последниве години, Mastercard лансираше голем број на пилот проекти во Централна и Источна Европа со цел да отвори пат за успешна нова мобилна платформа на плаќање и сме во исчекување на успешно спроведување на иновативни и безбедни платежни решенија и во Република Македонија”, додаде Манова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП