26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве третини од Британците планираат да ja заменат работата во 2017-та

Две третини од Британците планираат да ja заменат работата во 2017-та

brit333

Незадоволство од плаќањето и недостатокот на можности за развој на кариерата продолжуваат да се причините за желбата на британските вработени да ја напуштат работа и покрај економската несигурност.

Поголемиот дел од вработените размислуваат да го сменат работното место во следните 12 месеци, покажува истражувањето на „Hays UK Salary & Recruiting Trends 2017“. Истражувањето ја отсликува изненадувачки „розовата слика“ во намерите на британските вработени да ја напуштат работата во позадината на политичката несигурност и катаклизми.

62% од испитаниците планираат да ја менуваат работата и во 2017-та година. Повеќе од една четвртина (27 отсто), ја посочуваат причината за својата намера недостатокот на можности за професионален развој, додека истиот број на луѓе се мотивирани да ја напуштат поради ниска плата и недостатокот на социјални бенефиции.

Истражувањето во кое учествуваат 19.200 лица, покажува уште едно несовпаѓање помеѓу она што работодавците и вработените ги сметаат за „важни бенефиции“, кое може да биде пречка за задржување на клучните вработени.

На пример, балансот работа-живот се смета за важен за 24 отсто од вработените во споредба со 13 отсто од работодавците. И додека 15 отсто од персоналот ја одредува локацијата на работното место како најважен фактор, само 6 проценти од фирмите го велат истото.

И покрај проблемите во резултат од „Brexit“, 94 отсто од организациите очекуваат зголемување на бизнис активноста или минимум останување на истото ниво во следната година.

Речиси три четвртини (73 отсто) планираат да вработат нови вработени во следните 12 месеци, а 51 отсто бараат постојан персонал, бројка која е со 33% повисока во споредба со минатата година.

Во исто време повеќе од три четвртини (77 отсто) од работодавачите очекуваат да се соочат со недостиг на соодветни кандидати што се рангиранаат на прво место меѓу предизвиците за догодина. Следат конкуренција на други работодавци (45 отсто) и кандидатите со барања за нереална плата (42 проценти).

Истражувањето покажува дека 55% од испитаниците не се задоволни од својата плата, иако платите се зголемиле во 2016-та година. Платите на професионалците се зголемиле за 1,8%, иако правото да е пониска од онаа во 2015-та година кога платите се зголемија за 2,3%. Очекувањата беа за раст на платите од 2,8%.

Градежниот сектор и секторот на недвижностите се радуваат на најголемо зголемување – со 2,8%.

Податоците покажуваат дека иако 67 отсто од работодавачите планираат понатамошни зголемувања во 2017-та година, само 22 отсто се подготвени тоа да е со повеќе од 2,5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП