26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовaта Opel Insignia веќе не е тајна (фото)

Новaта Opel Insignia веќе не е тајна (фото)

insi300

Изданието „Carscoops“ објави слики од втората генерација на хечбекот и караванот „Opel Insignia“. Двата автомобила во модификацијата „OPC Line“ биле фотографирани за време на спроведувањето на официјалната фотосесија.

insi-01

Од нив, станува јасно дека втората генерација на „Insignia“ ќе биде целосно во стилот на концептниот модел „Opel Monza“, а е изграден на целосно нова платформа. Автомобилот ќе биде со 55 мм поширок од претходникот, а растојанието помеѓу двете оски ќе се зголеми за 92 мм. Новата шасија ќе му овозможи на автомобилот да намали 175 килограми од тежината.

insi-02

Модификацијата „OPC Line“ прикажана на фотографиите, се одликува со поагресивен дизајн, спуштена суспензија, 20-инчни тркала од лесна легура, а исто така и механизам за сопирање „Brembo“.

insi-03

Премиерата на новата „Insignia“ ќе се одржи за време на автосаемот во Женева во март 2017-та година. Хечбекот ќе се нарекува „Grand Sport“, додека караванот ќе го задржи досегашното „Sports Tourer“, а неговата теренска верзија ќе го добие називот „Country Tourer“.

insi-04

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП