8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Томпсон 60 поени, трипл дабал за Вестбрук и Гасол

НБА: Томпсон 60 поени, трипл дабал за Вестбрук и Гасол

tomson3300

Феноменалниот Расел Вестбрук оствари нов трипл дабл, шести во низа, но тема на денот во НБА лигата е Клеј Томпсон кој против Индијана постигна 60 поени, што е рекорд оваа сезона во лигата.

Голден Стејт влегува во шутерски ритам и само прашање на време е кога тимот на Стив Кер ќе започне да постигнува по 150 поени на еден натпревар. Голден Стејт ја совлада Индијана 142:106, а Клеј Томпсон постигна неверојатни 60 поени за само 29 минути минати на теренот.

Томпсон погоди 21 од 33-те шута кон кошот на Индијана (13/19 за два, 8/14 за три). Инаку бекот на Голден Стејт, минатата сезона постави НБА рекорд на постигнати поени во една четвртина, постигнувајќи 37 поени во третата четвртина на мечот со Сакраменто.

Покрај Томпсон блесна и Расел Вестбрук, иако повеќе и не е вест дека остварил трипл дабл. Плејмејкерот ја предводеше Оклахома до победата над Атланта 102:99 со 32 поени, 13 скокови и 12 асистенции. Вестбрук го оствари својот седми трипл дабл во низа и се доближи до остварувањето на Мајкл Џордан кој во сезоната 1989/1990 на девет последовни натпревари бил двоцифрен во три статистички категории.

Трипл дабл запиша и Шпанецот Марк Гасол во победата на Мемфис во Њу Орлеанс. Мемфис славеше 110:108 по две продолженија, а шпанскиот центар имаше учинок од 28 поени и по 11 скокови и асистенции.

На другите натпревари: Кливленд ја прекина серијата од три неуспеси со победата во Торонто 116:112, Лајкерси загубија од Јута 101:107, Шарлот славеше против Далас 109:101, Хјустон минимално победи против Бостон 107:106, Сан Антонио со поените на Милс славеше против Милвоки 97:96, Вашинготн го победи Бруклин 118:113, Филалдефија загуби од Денвер 106:98, а Демијан Лилард го однесе Портланд до триумф во Чикаго 112:110.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП